Двајцата мигранти, чии што тела беа пронајдени вчера покрај железничката пруга кај кумановското село Табановце биле прегазени од воз, соопшти денеска СВР Куманово. Идентитетот на едното лице е веќе утврден и станува збор за Ј. К од Авганистан, за второто починато лице полицијата сè уште работи на утврдување на идентитетот.

Вчера во 15:42 часот во СВР Куманово било пријавено дека покрај железничка пруга во село Табановце, кумановско, биле пронајдени две тела на починати лица мигранти. Од извршениот увид од страна на полициски екипи од СВР Куманово било констатирано дека лицата биле удрени од воз. Утврдено е дека се работи за Ј. К од Авганистан и сè уште се вршат проверки за утврдување на идентитетот на другото лице, соопшти полицијата.

По насоки од Јавен обвинител телата се предадени за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.