ренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја прокоментира одлуката на Чави да продолжи да работи во Барселона.

Претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта, најави дека Чави ќе остане главен тренер на тимот.

На почетокот на годината, 44-годишниот Шпанец ја објави својата намера да ги напушти „блауграните“ по завршувањето на сезоната.

-Тој прави добра работа во Барселона и добро го познава клубот. Мислам дека ја донесе вистинската одлука, изјави Анчелоти, цитиран од „AС“.

Самиот Чави истакна дека одлучил да остане во Барселона бидејќи чувствува целосна доверба од претседателот и играчите на тимот, со кои се уште може да освојува трофеи.

По 32 кола, Каталонците се втори во Примера со 70 бодови, 11 бода зад лидерот Реал Мадрид на Анчелоти



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.