Генералното собрание на ОН требаше да гласа за резолуцијата за геноцидот во Сребреница на 2 мај, но гласањето е одложено.

Оваа информација ја потврди и амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија.

– Во овој момент знаеме дека седницата нема да се одржи на 2 мај, бидејќи денеска го испраќаме текстот на резолуцијата на ревизија, доколку земјите членки на ОН имаат други предлози за текстот. Генералното собрание секако ќе биде по 6 мај, во зависност од распоредот на седниците, кој ќе го знаеме во вторник. И мисијата на БиХ во ОН учествуваше во оваа одлука, така што оние на кои им треба време или оние кои се подготвени за подобро разбирање на текстот на резолуцијата, дека како група пријатели и спонзори на резолуцијата се отворени за понатамошни консултации – рече Лагумџија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.