Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека домашните компании од одбранбената индустрија постигнале добра продажба на Саемот за оружје во Абу Даби и дека, на пример, Крушик го распродал производството до средината на следната година.

Вучиќ, за ТВ Пинк, изјави дека во сите претпријатија од наменската индустрија ќе се воведе вистинско корпоративно управување и дека веќе нема да можат да ги продаваат своите производи по планирани цени, туку исклучиво по пазарни цени.

На саемот продадовме сè, сите сакаат да купат сè, прашање е само која цена ќе ја добиете“, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека побарувачката е толку голема што колку и Србија да произведе во оваа индустрија, се ќе биде купено.

Во светот има толкаво лудило за оружје и муниција што можеме да продадеме сè што ќе направиме, само да направиме добар систем, да инвестираме дополнително, да ги иновираме нашите машини за да не живееме во седумдесетите и осумдесеттите и тогаш ќе бидеме на вистинскиот пат“, изјави Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.