Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска добила вербални закани од маж на педесетина години додека седела во кафе-бар во Скопје.

Инцидентот се случил денеска околу пладне, а за безбедноста на судијката се погрижилообезбедувањето. Кацарска го пријавила во полициската станица „Беко“.

-Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Од Уставниот суд за МИА потврдија дека претседателката на Судот Кацарска денеска во полициска станица пријавила вербален напад и загрозување на сигурноста. Изјава за настанот во полиција дале неколку сведоци.

Ова е вторпат за неколку дена Кацарска да добива закани. Во подземна гаража на зграда во Центар на 14 мај беа пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.