14-годишно девојче по потекло од Црна Гора е осомничено дека сакало да изврши напад во Грац, Австрија, а при претресот на нејзината куќа истражителите пронашле оружје и ужасни фотографии и видеа од обезглавувања.

Таа, како што се наведува, имала една цел: да ги убие сите неверници.

Според полицијата, девојката веќе купила оружје како секира, нож и облека за по случаен избор да нападне луѓе во Грац.

Таа испрати слики од нејзините планови за напад на истомисленици преку апликацијата Телеграм.

Нападот требало да биде „насочен кон неверниците“, а планот вклучувал случајно убиство на „луѓе облечени во црно“ и убивање „што е можно повеќе“.

Австриската полиција не знае точно кога било планирано да се изврши нападот, но се сигурни дека нападот ќе се случел.

Девојчето е родено во Црна Гора и живее во Грац, но сè уште нема австриско државјанство.

Претресот на куќата е извршен по наредба на јавниот обвинител во Грац, а на лице место е пронајдено оружје и облека, по што девојката е уапсена.

При распитот девојката не признала што планира, а на сослушувањето присуствувале и нејзините родители кои наводно не знаеле за страшните планови на нивната ќерка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.