Девојче (14) по потекло од Црна Гора е осомничено дека сакало да изврши напад во австрискиот град Грац, а при претресот на куќата во којашто живеело истражителите пронашле оружје и ужасни фотографии и видеа од обезглавувања.

Тоа, како што се наведува, имало само една цел: да ги убие сите неверници.

Според полицијата, девојчето веќе купило секира, нож и облека за по случаен избор да нападне луѓе во Грац. Освен тоа, тоа испратило и фотографии од планот за напад на истомисленици преку апликацијата Телеграм.

Нападот требало да биде „насочен кон неверниците“, а вклучувал случајно убиство на „луѓе облечени во црно“ и убивање „што е можно повеќе“.

Австриската полиција не знае точно кога било планирано да се изврши нападот, но е сигурна дека нападот ќе се случел.

„Претпоставуваме дека тоа беше неизбежно“, изјавил портпаролот на полицијата Фриц Грундинг.

Девојчето е родено во Црна Гора и живее во Грац, но се уште нема австриско државјанство.

При распитот девојчето не признало, а на сослушувањето присуствувале и нејзините родители кои наводно не знаеле за страшните планови на нивната ќерка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.