Претседателот на Франција Емануел Макрон покани претставник на Русија на прославата на 80-годишнината од Денот Д, односно слетувањето во Нормандија, потег кој наиде на осуда од страна на Белата куќа.

Од Белата куќа соопштија дека воопшто не се задоволни од оваа одлука на владата во Париз, но дека можеби сепак Макрон донел добра одлука.

Се надеваме дека ова ќе ги потсети Русите дека некогаш се бореле против вистински нацисти, а не со имагинарни, изјавија од Белата куќа за Политико.

На одлуката на оваа церемонија да се вклучи и претставник на Русија негодуваа и европски дипломатии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.