Францускиот институт во Скопје и Ист Гејт Мол (East Gate Mall) во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето на Францускиот институт во Скопје, поставуваат ексклузивна дигитална поставка, насловена како « Livelyyy », на францускиот уметник Гијомит.
Муралот ќе биде поставен покрај главниот влез на Ист Гејт Мол и претставува прва дигитална интерактивна изложба – од вкупно три – кои ќе бидат отворени за посетителите.

Изложбата ќе биде отворена од сабота 18 мај до сабота 1 јуни 2024 година.

 

Огромниот мурал „заживува“ во уште поголем 3Д универзум преку апликација за зголемена реалност наменета за мобилни уреди. А во тој волшебен свет се пристапува до интерактивна видео игра во која посетителот станува „градинар“, којшто треба да се погрижи за живиот свет и животната средина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.