Единаесет луѓе, меѓу кои и припадник на полицијата, биле убиени, а шестмина се ранети при пукање во Цетиње, во близина на Владината зграда, потврдуваат од Јавната служба од Управата на полицијата.

Како што објави РТЦГ, на трагедијата и претходел семеен конфликт, по што напаѓачот по случаен избор пукал во случајни минувачи на улица. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во таа пресметка бил убиен.

Во болницата во Цетиње се хоспитализирани 4 ранети, а двајца повредени се префрлени во Клиничкиот центар во Подгорица.

Според неофицијални информации, напаѓачот е 34-годишен маж, кој пукал и во деца.

Тој дел од градот е блокиран, зголемено е присуството на полицијата, а се собрани и голем број граѓани на Цетиње.

Според очевидци на случувањата, напаѓачот се движел низ населбата и по случаен избор пукал во граѓани кои случајно се нашле таму.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.