Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Македонија се уште не е започнат, бидејќи се чека да заврши скринингот, кој ќе потрае извесно време. Од бугарското искуство знаеме дека тоа трае од година и половина до две години и мора да се дадат оценките за тој скрининг, вели бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава Илхан Ќучук за софиската телевизија БТВ.

Францускиот предлог дојде од ЕУ, беше прифатен со консензус од земјите-членки на Унијата, но наиде на политичка поддршка и во Бугарија и во Македонија. Отсега мораме да ги бараме опциите, ги има многу. Постигнатиот компромис треба да го гледаме како можност за подобрување на односите меѓу Софија и Скопје, напиша тој на Фејсбук.

Ќучук додава дека Бугарија сака да биде партнер во добрососедските односи со сите земји од Западен Балкан, а минатото треба да служи за пример за подобра иднина, а не да биде причина за раздор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.