Битолчанец од балконот на неговата куќа на Широк Сокак во центарот на Битола со воздушна пушка пукал кон куче скитник кое било на улицата.

Како што соопштуваат од битолската полиција, вчера во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Широк Сокак” во Битола, З.Л.(63) од балконот на неговиот дом од воздушна пушка пукал кон куче скитник.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по преземени мерки, полициски службеници од СВР Битола од З.Л. ја одзеле воздушна пушка.

По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од СВР Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.