Најмалку едно лице загина, а 11 се повредени во пукотница во областа Варехаус во Њу Орлеанс, соопштија денеска официјални лица.

Полицијата во Њу Орлеанс соопшти дека одговорила на повикот доцна синоќа на адреса во близина на ноќниот клуб „Република НОЛА“, каде што една жена била пронајдена застрелана до смрт, а неколку луѓе биле ранети во престрелката, пренесе АП.

Како што објави весникот „Адвокат“, повредени се пет мажи и шест жени.

Келси Холт изјавила за весникот дека престојувала во блискиот хотел и видела како десетици луѓе бегаат од ноќниот клуб.

Холт рече дека неколку луѓе трчале по улицата, додека други се потпреле на зградата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.