Полициски службеници на СВР Велес денеска од 8 до 12 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња, при што откриени и санкционирани се четири технички неисправни возила, од кои две возила имале неисправни сопирачки.

Од МВР информираат дека продолжуваат засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.