Неколку тенисери, според одредени извештаи и дваесетина, влегле во Австралија за учество на првиот Грен Слем турнир во сезоната, без да бидат вакцинирани и со медицински исклучоци, каков што има и Новак Ѓоковиќ, но никој не реагираше за нив, за разлика од светскиот тенисер на светот.

Главната причина за такво нешто е тоа што српскиот тенисер јавно, на социјалните мрежи, каде што има милиони фанови, се пофали дека добил дозвола за влез во Австралија. Таквиот потег на Ѓоковиќ предизвика вистинска бура во јавниот простор во Австралија, што, пак, резултира со политичката одлука на Новак да му биде укината визата со цел да се добијат полкитички поени пред престојните избори во земјата .

таквата грешка, Ѓоковиќ ја направи во Марбеља во Шпанија, од каде го почна патувањето кон Австралија, кога објави своја фотографија од аеродормот со известувањето дека добил медицински исклучок и дека се радува на настапот на Австралија опен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Со ваквата објава, Ноле покажа дека немал никакви задни намери и дека планира да употреби сосема легална опција за да патува во Австралија. Сепак, таквата објава беше злоупотребена од австралиските власти за од Ѓоковиќ да направат „жртвено“ јагне во предизборни игри.

Додека Ѓоковиќ беше во воздух на редовна линија од Дубаи кон Мелбурн, во австралиските медиуми почна хајка за тоа дека на невакцинираниот Ѓоковиќ ќе му биде дозволен влез во Австралија, во време кога локалното население речиси две години живее под строги антиковид протоколи.

Таквите медиумски напади брзо ескалираа по што, австралиските високи политичари, на чело со премиерот Скот Морисон, почнаа да влечат потези во обид да си го зголемат рејтингот во јавноста, што резултираше со одлуката да му се укине визата на Ѓоковиќ и тој да биде депортиран. Таквата одлука дојде иако претходни, голем број невакцинирани тенисери, без никаков проблем веќе беа влезени во Австралија и тренираа на австралиските тениски терени.

Но, кога ситуацијата со Ѓоковиќ доби размери на светски скандал, австралиските власти во обид да ја потврдат својата предизборна игра, одлучија дополнително да покренат и процес за проверки на визите на сите тенисери кои веќе се пристигнати во Австралија и тренираат за Австралија опен, што пак, резултира и со други случаи на тенисери на кои сега им се укинати визите.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.