Интересни и возбудливи мечеви се одиграа денеска на терените на ТК Југ во рамките на Македонија Опен 2024. Во три меча победникот беше решен во три сета игра од кои во два имаше пресврт за победа. Александер Вајс од Италија го победи Николас Алварез Варона со 2-1 во сетови (46 64 62) и во следната рунда ќе игра против Камил Мајчрзак од Полска, кој со 2-1 во сетови (63 36 61) беше поуспешен од Чехот Јонас Форејтек.

Во четвртфиналето ќе играат Американецот Рајан Сигерман против Неил Оберлајтнер. Сигерман го направи најголемиот пресврт и со 2-1 во сетови го победи Матеј Додиг од Хрватска, иако Додиг убедливо го доби првиот сет со 6:0 во гемови, а потоа следните два му припаднаа на Американецот 7:6 (8-6) и 6:2. Оберлајтнер пак го победи петтиот носител Макс Касниковски со 2-0 во сетови (60 76(3)).

На вториот дел од „костурот“ фавориот број 1 за финале Марко Чекинато од Италија (фото) го победи седмиот носител Филип Кристијан Жиану од Романија со 2-0 во сетови (63 62). Негов ривал во следната рунда ќе му биде Жерар Кампања Ли од Кореја, кој пак беше уште поубедлив против Италијанецот Џовани Фонио со 2-0 во сетови (62 61). Чехот Андрју Полсон беше сигурен во мечот со Мирза Башиќ од БиХ совладувајќи го со 2-0 во сетови (64 63), додека неговиот ривал утре Жоел Шверцлер од Австрија загуби само три гема во мечот против вториот носител Ерги Киркин од Турција.

Денеска беа комплетирани и мечевите во првото коло во конкуренција на двојки:

Ендрју Полсон, Патрик Рикл (Чешка) – Анируд Чанрасекар, Арјун Каде (Индија) 2-0 (76(3) 63)

Живан Недунчезијан, Сундар Прашант (Индија) – Владислав Манов, Патрик Никлас Салминен (Украина/Финска) 2-0 (75 76(3))

Рајан Сигерман, Патрик Трак (САД) – Ники Калијанда Понача, Марцело Зорман (Индија/Бразил) 2-1 (36 61 10-8)

Орландо Луж, Петрос Циципас (Бразил/Грција) – Рај Хо, Калум Путерџил (Тајпех/Австралија) 2-0 (63 63)

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ – СИНГЛ:

Александер Вајс – Камил Мајчрзак

Рајан Сигерман – Неил Оберлајтнер

Марко Чекинато – Жерар Кампања Ли

Ендрју Полсен – Жоел Шверцлер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.