Рускиот Претседател Владимир Путин ги обвини Соединетите американски држави дека се обидуваат да ја вовлечат неговата држава во војна во Украина а нивната цел е да го го искористат евентуалниот судир како изговр за воведување нови санкции против Руската федерација. Шефот на руската држава ги обвини западните сојузници дека ја излажале официјална Москва со ветувањето дека нема да ја шират својата воена инфраструктура кон истокот. Полска, Романија , Балтичките земји а сега сакаат и Украина да ја внесат во НАТО, изјави Путин.

Тој повторно предупреди дека доколку Украина стане членка на НАТО, би можела да ги вовлече другите земји членки во војна со Русија.

Путин ги критикуваше Западните сојузници заради нивното одбивање да го прифатат барањето на официјален Кремљ дека НАТО нема да се прошири со Украина, нема да распореди оружје и воени системи во близина на границата со Русија и да ги повлече своите сили од Источна Европа.

Рускиот претседател предупреди дека одбивањето на западните сојузници да ги разгледаат барањата на западните сојузници претставува прекршување на нивните обврски за почитување на безбедноста на сите нации, инсистирајќи дека решението може да се најде само преку преговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.