Русија

Во Русија бројот на дневни случаи порасна на 141.883, а ден претходно изнесуваше 125.836.

Владината работна група забележа 678 смртни случаи во последните 24 часа.

Руските власти објавија денес дека немаат намера да воведуваат нови мерки и покрај растот на бројот на нови случаи.

„Здравствениот систем издржува, морталитетот не е повисок од периодот кој го поминавме изминатите две години“, вели Ана Попова, шефица на руската здравствена агенција Роспотребнадзор.

„Затоа денес не гледаме причина за воведување посебни рестрикции“, вели таа во интервју за Риа Новости.

Од почетокот на пандмеијата Русија има повеќе од 680.000 починати, што е едена од најлошите бројки во светот.

Чешка

Чешка регистрирала 57.195 нови случаи во вторник што е рекорден број од почетокот на пандмеијата.

Чешкото министерство за здравство забележало 9775 повторно заразени во земјата која брои 10,7 милиони жители.

Бројот на хоспитализации изнесува 2653, што е многу помалку од претходните ситуации.

Словачка

Во Словачка се забележани повеќе од 20.000 нови случаи на заразата во еден ден, за прв пат од почетокот на пандемијата.

Словачка, земја со 5,5 милиони жители, регистрирала 20.224 нови случаи со ПЦР тестирања во текот на вторник, од кои 61 отсто биле невакцинирани, објави министерството за здравство.

Извор: Индекс.хр



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.