Илија Димовски во гостување на тв емисија, јасно ги кажа границите кои според него ги премнале ДУИ и Али Ахмети.

„ДУИ требаше да размислува, кога беше стимуланс на одредени процеси во Македонија, ги подбутнуваше а некои и ги водеше кои што го исклучи македонскиот народ , тие одлучуваа за мене. Некои од нас и ги знаат релациите на ДУИ со грчката држава, со бугарската држава, при креирање на одредени политики. Јас се чувствувам разочаран од тоа што дел од албанските политичари си поиграа на две нивоа со македонскиот народ. Првото на ниво дека преговараа лично сами, без легитимитет за македонски прашања, второ, манипулираа пед Македонците со тоа! мене не ми треба Али Ахмети да ми каже ека он ми го гарантирал и немал проблем со македонскиот идентитет, јазик и тоа. Но имам проблем ако Али Ахмети оди без знаење на македонската држава во некој друг град и преговара за македонското име, јазик, идентитет и тн.“ рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.