Умерен земјотрес со интензитет од 3,8 степени по Рихтеровата скала во 2,21 часот рано изутринава е почувствуван во охридското епицентрално подрачје.

Според Европската макросеизмичка лабораторија, епицентарот на потресот е во непосредна близина на охридскиот аеродром, во атарот на село Оровник, два километри под земјината кора.

Нема информации за предизвикани материјални штети освен вознемиреноста кај локалното население.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.