Душан Влаховиќ беше херојот на Јувентус и го постигна единствениот гол во финалето на Купот на Италија против Аталанта, а на „старата дама“ од Торино и го донесе трофејот и голема радост на навивачите.

Влаховиќ не можеше да ги сокрие емоциите, а по крајот на играта налета во прегратките на својата избраничка Вања Богдановиќ која го бодреше од трибините.

Напаѓачот на Јувентус и убавата Србинка  го украдоа шоуто и сите камери тргнаа кон нив, а фотографијата од прегратката во која се гледа љубовта ја „запали“ цела Италија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.