Военото крило на палестинскиот екстремистички Хамас денеска соопшти дека истрелало 12 ракети од Либан кон градот Кирјат Шмона на северот на Израел. Бригадите „Изадин ал Касам“ во соопштение наведоа дека ракетниот напад е одмазда за „масакрите на окупаторите“ врз палестинскиот народ во Газа.

Израелските медиуми јавија дека најмалку една ракета паднала во трговскиот дел на градот и дека две лица се ранети, од кои едно од шрапнели, а автомобили и продавница биле тешко оштетени. Поголемиот дел од градот неодамна беше евакуиран поради постојаните напади на Хезболах и сојузничките палестински екстремистички организации во Либан.

Израел изврши воздушни напади во пограничната област.

Во тек е голема ескалација на конфликтот долж границата бидејќи Хезболах нападна позиција на израелската армија со два самоубиствени дронови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.