Американскиот претседател Џо Бајден денеска замина за Европа, каде ќе учествува на самитот на НАТО и ќе ја посети Полска, а пред тргнување на пат накратко ја искоментира можноста Русија да употреби хемиско оружје против Украина.

Бајден и денеска повтори дека тоа е вистинска закана.

Постои реална закана Русија да употреби хемиско оружје против Украина, кажа Бајден.

На прашањето што ќе им каже на западните партнери, тој рече дека токму тоа ќе им го каже в лице.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.