Преку обраќање на Фејсбук лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, денеска објаснуваше како не е ни за францускиот предлог, но не е ни против почетокот на преговорите и предложи „доколку Владата сепак одлучи да започне преговори на лизгав терен со Унијата, да се редефинира составот на историската комисија и начинот на нејзиниот избор“. Според Милевски, со новиот начин на избор на нејзините членови од страна на Собранието државата ќе била сигурна дека немало да се „начне македонскиот идентитет“.

Историската комисија ја избра Владата, а според Милевски сега кога ќе почнат преговорите со ЕУ Собранието треба да го има клучниот збор при изборот на историчарите кои треба да бидат „еминентни“. Но тој со неговиот предлог ја вмешува и политиката, велејќи и дека двете најголеми партии треба да предложат историчари кои тие ги сметаат за „еминентни“.

Според предлогот на Милевски, во историската комисија треба да има двајца претставници кои ќе ги делегирала МАНУ, а по еден претставник треба да делегира претседателот на државата, најголемата владејачка партија, најголемата опозицика партија и еден претставник делегиран од најголемата партија на „немнозинското население“.

Милевски пишува дека „овие недели добивав цврсти гаранции од многу влијателни центри на одлучување дека нема да се дозволи Бугарија да се изживува со нас во процесот на интеграција во Унијата и да се доведеме како држава до понижувачка позиција. Многу ветувања реализирале, но многу останало и не e остварено и затоа овој пат сум толку многу скептичен во целиот процес“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.