Здружението „Гласен Текстилец” од Штип денеска поднесе иницијатива до Уставен суд за оценување на уставност и законитост на членот 12 од Законот кој одобрува градежни работи во просек од 60 часа неделно за Коридор 8 и Коридор 10. Со тоа се организира и распоредува работното време на работниците, а тоа може значи и 100 или 150 часа неделно, што е во спротивност на Уставот, Законот за работни односи, конвенциите на МОТ и претставува кршење на човековите и работничите права, објави Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец”.

Здружението „Гласен Текстилец”- Штип е против ваквото законско решение и денес ја испративме иницијативата пред Уставен суд за оценување на уставноста и/или законитоста со кое побаравме да се укине овој член кои предизвикува правна несигурност и е во спротивност на чл.32 од Уставот и чл.116 од Законот за работните односи и меѓународните ратификувани конвенции кои го регулираат ова прашање, вели Ампева.

Очекува Уставниот суд со посебно внимание да ги разгледа наводите наведени во поднесената иницијатива од нивна страна, притоа , како што вели, водејќи се од начелата на законитост, стручност и компетентност ќе поведе постапка која ќе резултира со укинување на спорниот член 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за импементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 делница: Тетово-Гостивар-Букојчани и проектот за автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан и Коридорот 10 делница на автопатот Прилеп-Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.