На 19.05.2022 во 20.50 часот на ул.„Благоја Стефковски“, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Д.Т.(24) од Скопје поради сомнение дека на 05.05.2022 одзел мотоцикл од фирма во индустриска зона „Чојлија“.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признал делото. Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.