Грчката државна телевизија ЕРТ објави видео од моментот на падот на авионот од типот Канадер на грчкиот остров Евија додека учествувал во гаснењето на пожарот во близина на Каристос.

Неофицијално станува збор за грчки авион, со оглед на тоа дека во Грција пристигнаа и странски авиони за да помогнат во гаснењето на пожарот.

Во канадерите најчесто има две лица, пилот и копилот, а засега не познато дали преживеале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.