Фудбалерите на ПСЖ (шампион) се победници на францускиот Суперкуп, откако во натпревар одигран во Тел Авив го совладаа Нант (освојувач на Купот) со 4:0.

ПСЖ поведе во 22 минута со голот на Лионел Меси, на 2:0 зголеми Нејмар од слободен удар на крајот на полувремето, Серхио Рамос беше прецизен за 3:0 во 57 минута, а конечниот резултат го постави Нејмар од пенал во 82 минута.

За ПСЖ ова е 11 трофеј во Суперкупот и деветти во последните десет изданија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.