Фудбалерите на Баерн Минхен го освоија својот јубилеен, десетти, германски Суперкуп, совладувајќи го Лајпциг со 5:3 (3:0) на „Ред Бул Арена“.

Играчите предводени од Јулијан Нагелсман веќе на полувреме имаа предност од 3:0 со головите на Џамал Мусиала (15 минута), Садио Мане (31) и Бенџамин Павард (45).

Марсел Халстенберг (59) ја намали негативата на Лајпциг, пред Серџ Гнабри да ја врати предноста од три голови за Баерн во 66 минута.

Кристоф Нкунку (77 – пенал) и Дани Олмо (89) ги донесоа домаќините на чекор до пресврт, но Лирој Сане (90+8) стави печат на победата на актуелниот германски првак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.