Утрово околу 10.20 часот во полициската станица во Макарска, Хрватска, се јавила 73-годишна жена која пријавила дека помлад маж ја оттурнал на улица, а потоа ѝ го клоцнал кучето.

Набрзо по повикот и трауматичното искуство, на несреќната жена ѝ се слошило, пренесува „Слободна Далмација“, според чии информации иако лекарите од Брзата помош пристигнале многу брзо и се обиделе да ја реанимираат, жената починала.

Полицијата брзо пронашла 40-годишен маж кој е уапсен.

Недолго по настанот, на жената ѝ се слоши и почина по пружената реанимација. Едно машко лице е приведено и се наоѓа во просториите на полицијата. За настанот е известено надлежното државно правобранителство. На местото на инцидентот се врши увид како и други мерки и дејствија за утврдување на сите факти и околности, рекол за весникот Јерко Куревија од Службата за односи со јавноста на Сплитската полиција.

Полицијата апелира доколку има очевидци на настанот, да контактираат со нив.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.