Бранителот на шампионската титула Шкупи ја совлада убедливо попладнево прилепска Победа на гостински терен со 6-0 во рамки на 16. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Во преостанатите три натпревари од денешната програма, скопски Работнички во градската пресметка ја совлада Македонија ЃП со 2-0, со пресврт Скопје триумфираше над Академија Пандев со 2-1, додека Шкендија и Тиквеш одиграа без голови.

Лидерот на табелата Струга вчера како гостински го совлада Силекс во Кратово со 2-1.

Табела: Струга 33, Шкупи 28, Шкендија 25, Тиквеш 23, Силекс 23, Брегалница 20, Работнички 18, Македонија ЃП 17, Академија Пандев 12, Победа 11, Скопје 9.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.