Учеството на Килијан Мбапе на натпреварот на Франција против Тунис е доведено во прашање. Според „RMC Sport“, вчера на еден трениг напаѓачот на француската репрезентација почувствувал непријатност во скочниот зглоб. Поради ова, Дидие Дешамп размислуваше да му даде одмор на Мбапе против Тунис.

Многу мали се шансите 23-годишниот напаѓач да ги одигра сите 90 минути во финалниот натпревар од групната фаза на СП 2022 година.

Доколку Мбапе не игра, тогаш шанса да влезе на терен ќе има Рандал Коло-Муани.

Како што е наведено, Мбапе сака да го игра натпреварот за да ја подобри личната статистиката. За да го повтори рекордот на Жусте Фонтен по голови за Франција на Светските првенства, Мбапе треба да постигне уште шест гола.

Натпреварот Франција – Тунис ќе се игра попладне со почеток во 16 часот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.