Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европската Унија да воведе ембарго на руската нафта.

Пред се, ни треба ембарго на нафта. И јасна подготвеност на Европа да се откаже од целата руска енергија. Европската Унија мора да престане да ја спонзорира руската воена машина – изјави Зеленски, пренесува „Гардијан“.

Претседателот на Украина додавае дека разговарал за западните санкции против Русија со група меѓународни и украински експерти кои „ги процениле воведените санкции и како Русија се обидува да ги заобиколи“.

Зеленски изјави дека групата подготвила конкретни предлози за тоа како да се елиминираат слабостите во санкциите и како веднаш да се зајакнат санкциите за Русија да ги почувствува нивните ефекти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.