Една од најголемите електрани во Украина е уништена во масовен руски ракетен напад, јави Скај њуз. Како што пренесува украински Интерфакс, повикувајќи се на висок функционер во електроиндустријата, целосно е уништена термоцентралата Трпилска.

Електраната се наоѓа недалеку од Киев, главниот град на Украина, и произведува околу 57 отсто од енергијата потребна за снабдување на регионот Киев со електрична енергија. Рускиот ракетен напад беше извршен рано утринава со ракети и беспилотни летала, а цел на руските сили беше украинската енергетска инфраструктура.

Centrenergo, компанијата која управува со термоцентралата, рече дека централата е „целосно онеспособена“, додавајќи дека нема смртни случаи меѓу работниците кои биле на смена за време на нападот.

Centrenergo оцени дека инцидентот е „црн ден“ во историјата на компанијата. Андреј Гота, претседател на Надзорниот одбор, рече: „Размерите на уништувањето се застрашувачки“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.