Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски во претседателската дебата на ТВ21 истакна дека повиците за бојкот доаѓаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, тие знаат дека се губитници.

Битно е да се каже дека повиците од бојкот доаѓаат од политичката структура која ја поддржува г-ѓата Силјановска. Тие зборуваат за декуражирање на другата страна, нема да имаат интерес зошто знаат дека се губитници. Од моја страна, ниту некогаш било кажано ни помислено“, додаде Пендаровски.

Тој додаде дека станува збор за уставна одредба која мора да се почитува, и која вели дека 40% од гласачкото тело мора да излезе за да имаме валиден претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.