На ТВ21 се одржа првата дебата за вториот круг од претседателските избори меѓу двајцаta кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи коалицијата „Македонија повторно твоја“, Силјановска Давкова, условувањето на албанските коалиции со уставни измени за формирање влада го смета за беспредметно. Таа вели дека некој за кој, според неа, се знае дека не е победник, не може да издава услови.

Во оваа прилика, возврати кандидатот на СДСМ од коалицијата „За европска иднина“, Пендаровски, порачувајќи и на Силјановска дека истото го прави и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ги условува албанските партии да ја поддржат Силјановска, за потоа заеднички да ја формираат владата.

Вториот круг од претседателските и парламентарните избори ќе се одржи на 8 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.