Кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова во претседателската дебата на ТВ21 порача дека најавите за бојкот на вториот круг од претседателските избори не се во духот на парламентарната демократија.

Тоа ќе биде уште еден антиевропски чекор бидејќи Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР во најмалку четири мислења велат дека е тотално нелогично во вториот изборен круг да имате цензус од 40 посто бидејќи тоа е системот на балотажа, кога одат двајца, а еден треба да биде избран со релативно мнозинство“, порача Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.