Унгарија не може да го поддржи планираниот осми пакет санкции на Европската унија против Русија доколку тој вклучува енергетски санкции, изјави денеска шефот на Кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

„Унгарија веќе направи многу за да го одржи европското единство, но доколку во пакетот бидат вклучени енергетски санкции, тоа не можеме и нема да го поддржиме”, рече Ѓергели Гуљаш на брифинг со новинарите.

„Го чекаме конечниот и целосен список санкции и потоа можеме да преговараме за тоа. Унгарија не може да поддржи енергетски санкции”, изјави тој.

Европската комисија вчера предложи нови санкции против Русија, вклучително и построги трговски санкции, проширување на листата санкционирани лица и ограничување на цената на руската нафта за трети земји.

Сепак, за воведување санкции во ЕУ потребна е едногласност на државите-членки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.