Украинскиот Парламент денеска најави донесување нов закон, што ќе овозможи државата да заплени имот на лица, кои ја поддржуваат руската инвазија, јавија странски медиуми.

Според законот, секој кој ја поддржува војната, може да заврши во украинскиот Врховен антикорупциски суд, чии службеници ќе можат да го запленат имотот на лицето и да го префрлат во државниот буџет, се наведува во соопштението на украинскиот Парламент.

Процедурата за идентификација и конфискација на имот на лица под санкции, кои на еден или на друг начин ја поддржуваат агресијата на окупаторот против Украина, ќе овозможи украинскиот буџет да се пополни брзо и ефикасно на сметка на непријателот, пишува во соопштението.

Украинската економија тешко настрада за време на руската инвазија. Во петокот лидерите на Г7, најмоќните економии во светот, ветија помош за Украина во вредност од 19.8 милијарди американски долари за закрепнување на економијата, но и набавка на оружје за одбрана, пишуваат медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.