Шведска ќе воведе дополнителни мерки за сузбивање на зголемениот број случаи на Ковид-19 и зголемен притисок врз здравствениот систем, изјави денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон.

Ситуацијата несомнено е влошена. Нивото на зараза во Шведска е на историски високо ниво – изјави Андерсон на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Новите мерки вклучуваат работа од дома каде што е можно, ограничено работно време за барови и ресторани и ограничен број луѓе на јавни настани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.