Украина утре подготвува големо зло за кое нас ќе не обвинат, тврдат руските власти.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков вели дека на 19 август, Киев планира напад со „лажно знаме“ на нуклеарната централа Запорожје за време на посетата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на Украина.

Конашенков тврди дека единиците на 44-та бригада на украинските вооружени сили планираат артилериски напади врз објектите на нуклеарната централа од позиција во близина на замокот Никопол.

„За да се подготват за провокацијата, командата на оперативната група Дњипар до 19 август поставува пунктови за контрола на радијацијата во Запорожје, како и организира вежба за единиците на 108. бригада за територијална одбрана, 44. артилериска бригада и стационирани воени единици во Запорожје за да работат во услови на радиолошка контаминација,рече Конашевко“, објави руската новинска агенција Тасс.

Конашенков нагласи дека нема руско тешко оружје во близина на фабриката во Запорожје или на која било соседна територија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека ОН мора да обезбедат заштита на нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска по трилатералната средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека „никој не сака светот да доживее нов Чернобил“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.