Едно лице е убиено, а 19 се повредени во пукање на голема забава во американската сојузна држава Индијана, соопштија денеска локалните власти.

Некои од повредените се наоѓаат во критична состојба, пренесува АП.

Пукањето се случило некаде по полноќ во Манси, во округот Делавер.

„Поради бројот на жртви и природата на инцидентот, на помош се повикани повеќе агенции“, изјави заменичката шеф на полицијата во Манси, Мелиса Крисвел.

Засега никој не е уапсен и причината за пукањето не е објавена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.