Денеска продолжи судењето за масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ кое го изврши малолетниот Коста Кецмановиќ, а  беше сослушана неговата мајка Миљана.

На молотовите коктели кои Коста планирал да ги фрли во училницата пронајдени се биолошки траги на Миљана Кецмановиќ.

Имено, едно од прашањата на судењето беше наменето за мајката на Коста Кецмановиќ и се однесува на молотовите коктели и на тоа дека на нив е пронајдена нејзината ДНК и гумени ленти и дали токму таа им ги правела тапите, бидејќи на нив била пронајдена нејзината ДНК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.