Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека светот мора да се обедини за да го победи Хамас, како што претходно се обединил за да ги победи терористите на Исламската држава (ИД) или нацистите.

Во своето обраќање во Кнесетот, Нетанјаху истакна дека израелскиот народ е обединет во својата цел да победи.

Нетанјаху кажа ека ќе има истрага за разузнавачките и безбедносните неуспеси што им дозволија на палестинските милитанти на Хамас да извршат таков разорен напад на 7 октомври, при што беа убиени повеќе од 1.300 лица и ранети речиси 4.000, додека се уште се киднапирани околу 200 заложници.

Во говорот во израелскиот Кнесет Нетанјаху нагласи дека сега многумина ширум светот разбираат со што се соочува Израел.

Тие разбираат дека Хамас претставува нова верзија на нацизмот. Како што светот се обедини за да ги победи нацистите и Исламската држава, така мора да се обедини за да го порази Хамас, кажа израелскиот премиер.

Нетанјаху оцени дека израелската војна против Хамас во Појасот Газа е егзистенцијална битка против силите на темнината.

Хамас е дел од оската на злото на Иран и Хезболах. Тие имаат за цел да го втурнат Блискиот Исток во бездната на хаосот, нагласи Нетанјаху.

Тој во говорот ги предупреди и Иран и Хезболах да не ја тестираат трпеливиста на неговата земја со напади на северот.

И по 75 години војната за независност не е завршена. Ќе победиме, бидејќи нашето постоење овде се доведува во прашање, рече израелскиот премиер во обраќањето на отворањето на зимската сесија на израелскиот Кнесет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.