Танкер полн со нафта, што пловел под знамето на Либерија, налетал на мина во Црното Море во близина на брегот на Романија. Танкерот „Али Најафов“ претрпел мала штета, а екипажот е безбеден.

Во време на инцидентот, бродот пловел во близина на каналот Сулина, изјави Јорук Исик, шеф на консултантската компанија „Босфор Обсервер“.

Ова е втор танкер овој месец што налета на пловечка мина во Црното Море.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.