Британската полиција соопшти дека три лица се пронајдени мртви во централниот англиски град Нотингем и дека еден маж е уапсен под сомнение за убиство откако се обидел да прегази уште три лица со комбе.

Полицијата објави дека две лица биле пронајдени мртви на пат во центарот на градот нешто по 4 часот наутро, пред полицајците да бидат известени за друг инцидент веднаш надвор од градот, кога комбе се обидело да прегази три лица. Тие се префрлени на лекување во болница.

Уште еден маж бил пронајден мртов на друг пат пред центарот на градот.

Неколку патишта се затворени, а локалната трамвајска мрежа е суспендирана во Нотингем додека полицијата се справува со инцидентот.

Би-Би-Си ги пренесува изјавите на сведоците на инцидентот во Нотингем, во кој загинаа три лица, уште тројца беа ранети, а осомничениот е уапсен.

Еден сведок раскажа како видел избоденi млад човек и девојка на патот Илкестон.

„Слушнав ужасни крици“
Сведокот, кој побара да остане анонимен, рече:

„Бидејќи ноќта беше жешка, го имав прозорецот отворен и слушнав ужасни крици кои ја замрзнаа крвта во моите вени.

Овде често е раздвижено, се враќаат од град, од ноќни излегувања, и вообичаено има расправии меѓу парови, па мислев дека и овој пат е нешто такво.

Погледнав низ прозорецот и видов црнец облечен во црно со качулка и ранец како се кара со некои луѓе.

Тоа беше девојка, а мажот или момчето со кое беше изгледаше прилично младо.

Таа извика: „Помош!“

Посакувам да извикав нешто низ прозорецот за да го изнервирам напаѓачот“.

„Видов како прво го избоде младиот човек, а потоа и девојката. Ги прободе неколку пати, четири-пет пати. Младиот човек се струполи на сред пат.

Девојката се тетеравeше кон една куќа. Следната минута ја немаше.

Би рекол дека се се случи за пет или шест минути. Потоа, напаѓачот само одеше по патот Илкестон кон градот, мирен како ништо да не се случило“, додаде тој.

Тој кажа и дека повикал полиција која за 5 минути пристигнала на местото на настанот.

Брзата помош пристигнала брзо и се обидела да ги оживее младиот човек и девојката, додаде тој.

Тој рече и дека бил премногу исплашен да интервенира или да го напушти својот дом по инцидентот.

„Беше ужасно да се види тоа“, рече тој.

„Бело комбе удраше луѓе“
Сведок раскажа како утрово видела комбе како удира две лица на улица во Нотингем.

Лин Хагит изјави за вестите на Канал 4: „Во пет и пол видов комбе како застанува до мене. Беше бело. Полициско возило полека доаѓаше зад него. Човекот на возачкото седиште погледна во ретровизорот и го виде полициското возило зад него. Потоа на аголот на улицатаудри во луѓе“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.