Само на две улици во Скопје изминатите денови биле украдени 13 метални решетки за сливници, алармираа од Водовод и канализација.

Од таму се пожалија дека и покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат.

И покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат. Овој пат е извршена кражба на 13 решетки на сливници на ул. Среќко Пужалка и 4 на ул. Финска. Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок, велат од ЈП Вододов и канализација.

Оттаму упатуваат апел до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатиот период.

Ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, додаваат од „Вододв и канализација“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.