Без водоснабдување денеска од 10:30 часот ќе бидат жителите од улицата „Балзакова“, „Дренак“, „Драга Стојанова“, „Виктор Иго“ и „Невена Георгиева Дуња“.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, причина за прекинот е изведување на водоводен приклучок на улицата „Балзакова 30“ за фирмата „Еуро билдинг“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на активностите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.