Вчера во 16.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода С.Р.(31), Ј.В.(28), Ѓ.В.(30) и Д.М.(22), сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во кругот на рудник Суводол, систем Брод – Гнеотино, при што одзеле повеќе предмети.

Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.