Градот Скопје се приклучува на најголемата еколошка акција за чистење заедно со Пивара Скопје, ПАКОМАК и Мен енд Маунтен, каде со заеднички активности со над 200 волонтери ќе се чисти планината Водно.

Чистењето на Водно ќе се одвива започнувајќи од 09:00 часот до 14:00 часот. Со оваа еколошка акција се постигнува двоен ефект, односно за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце.

Oваа акција за чистење на отпадот и создавање еколошки одржлива иднина треба да прерасне во традиција, а напорот вложен во собирањето на отпадот секоја година да резултира со што поголем број засадени дрва.

Градот Скопје ги поканува сите заинтересирани граѓани да дадат свој придонес во еколошката акција за Водно и Скопје да бидат почисто и поубаво место за живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.